Денеска игра Македонија, каде да гледате?

Денеска со почеток од 18:30 часот, во предградието на Порто, машката ракометна репрезентација на Македонија ќе го одигра својот четврти натпревар од квалификациите за ЕП 2024 што ќе се игра во Германија. 



Средбата Македонија против Португалија која е со почеток од 18:30 часот ќе можете директно да ја гледате на ТВ Арена Спорт 2. 
На ТВ Арена денеска ќе има уште два директни преноси. Едниот е на ТВ Арена 2 од 16:45 меѓу репрезентациите на Норвешка и Србија, а вториот е од 18:30 на Арена Спорт 8 меѓу Словенија и Црна Гора. 

Денеска, инаку се играат дузина интересни натпревари, од кои поради важноста за расплетот на групите ќе го издвоиме мечот меѓу Хрватска и Холандија (20:15), Исланд и Чешка (17:00) и од нашата група - Турција против Луксембург. 

Денеска играат:
14:10  Италија - Летонија
15:00  Литванија - Грузија
15:00  Турција - Луксембург
16:00  Унгарија - Швајцарија
16:00  Словачка - Финска
16:45  Норвешка - Србија
17:00  БиХ - Косово
17:00  Грција - Белгија
17:00  Исланд - Чешка
17:00  Израел - Естонија
18:30  Португалија - Македонија
18:30  Словенија - Црна Гора
20:15  Хрватска - Холандија




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk