Македонската кадетска репрезентација продолжува со подготовките за својот прв мундијал и прво ЕХФ Еуро. Денеска нашиот кадетски тим за совлада Романија 31-30.
Нашите кадети одиграа подобро во првиот дел, во кој и се играше поатрактивен и подинамичен ракомет и ја добија оваа делница со четири гола разлика (19-15).
Во второто полувреме гостите се вратија во игра, откако во финишот Македонија се олабави по водството од 31-27, сигнаа до минимална негатива, но победата остана за македонскиот тим (31-30).
Најдобри стрелци за репрезентацијата на Македонија на овој натпревар беа Александар Петковски со девет гола и Валентин Карасманакис со шест. Пет гола постигна Мирче Калајџиоски, четири Димитар Узунчев...