Лазаров: Ни поминаа некои работи што не смееше да ги дозволиме

Македонија вчера, не успеа да ја победи Португалија што не само што не е чудо туку е и единствениот реално очекуван епилог, не само според нас туку и еве и според сите светски обложувалници. 
Македонија настапи со најизменет состав досега, со неколку отсуства за кои веруваме сите до едно дека се од оправдани причини, затоа што секое друго сценарио ќе нѐ одведе на една друга територија каде што ќе треба да се преиспитуват и најосновните морални и какви се не принципи.

Ги баравме пред, но генералите обично се јавуваат по битката. Овој пат репрезентативците на терен и публиката која со аплауз ги испрати во соблекувалната им го скратија задоволството своите велелепни критики и тактики да ги образложуваат со највисоки тонови, небаре тие пак, имаат освоено и мундијали и олимпијади и светски првенства. 

Македонската репрезентација одигра борбен натпревар во кој мораме да бидеме реални имавме пред себе подобар противник со повисок рејтинг. Резултатски не бевме инфериорни, иако бевме во минус во најголем дел. Можеби можевме повеќе, но сигурно и Португалија можеше повеќе. Севкупно, работие се поставени така каква што е и реалната слика. 

По натпреварот, свое видување даде и селекторот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров: 

„Португалија беше фаворит пред мечот, знаевме за каква селекција се работи, одигравме достојно против ваква квалитетна селекција. Мислам дека незаслужено загубивме шест разлика, а во еден миг и водевме. Не сум задоволен, затоа што поминаа некои работи што ги договаравме и кои ги знаевме. Не е срамота да се изгуби од Португалија, но ни недостасуваше фокус и концентрација. Можевме подобар резултат, но од друга страна знаеме каков противник е Португалија, која имаше и квалитетно светско првенство.

Треба на реваншот да поправиме од сѐ по нешто. Малку доминираа и физички, изгубивме доста дуели, многу бевме дефицит на игра со пикер, иако бевме договорени да ги браниме квалитетно, но примивме многу голови од таа позиција затоа што беа подобри физички. Нашите играчи беа во еден мал грч, но се надевам дека како поминува времето ќе биде подобро.“, рече Лазаров.

Следниот меч ќе биде најтешкиот за Македонија во овие квалификации, со истиов противник, но на нивни терен. Ако успее овој тим уште еднаш да пружи ваква борба, нема по што да жалиме. 
Крајната цел на Макеоднија е пласман на ЕП, а тоа несомнено ќе го обезбедиме и тоа со ваква репрезентација и тоа е нешто што треба да се цени, а не да се омаловажува. Затоа што времињата што доаѓаат, нема да бидат полесни. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk