Познати составите на Македонија и Португалија

Селекторот Кирил Лазаров ги одреди 16-те ракометари со кои денеска македонската репрезентација ќе им се спротивстави на Португалците, во рамките на третото коло од квалификациите за ЕП 2024. 

Беше познато, очекувано и најавено, во нашиот тим има неколку измени во однос на репрезенацијата што настапи на Светското првенство во Полска. 

Мартин Велковски е повратник по повредата поради која не настапи на СП, а Марко Митев е повикан на позицијата среден бек од која отсуствува Павле Атанасијевиќ исто така поради повреда. 

Марко Мишевски е замената за неговиот соиграч од Вардар, Филип Талески кој од приватни причини нема да настапи во оваа фаза од квалификациите. 

Повратник во тимот е Цветан Кузманоски кој заедно со Петар Атанасијевиќ и по потреба Иван Џонов ќе ја покриваат левата крилна позиција на која играше Дејан Манасков. 

Ненад Костески и можеби Томи Јагуриноски ќе ги гледаме на позицијата десно крило место Гоце Георгиевски. 





За репрезентацијата на Португалија, најавено, нема да играат Кико Кошта пивотот Алексис Борхес

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk