Најде ли Пелистер тандем за титула?

Идејата за скандинавски тренер во Битола звучеше добро, но не заврши добро. Ларс Валтер очигледно не е тренер со капацитет што може да му даде друг лик на битолкиот ракомет, особено со тим што е склопен од играчи дојдени од повеќе држави, со различни навики и стилови на играње. И тоа сите новодојдени.

Е. Пелистер одигра полошо од минимумот што означуваше црвена линија, концептот на Ларс Валтер не мина на во Европската лига и тој мораше да замине. 

Сега Е. Пелистер игра на сѐ или ништо и го назначи Александар Јовиќ, тренерот на Еурофарм Пелистер 2 за свој прв тренер, а тим менаџер со кам бек во македонскиот ракомет е Звонко Шундовски. 

Ако нас не прашате, ова е можеби најдобрата идеја и требаше да биде првиот избор уште во јули и да состават тим според своите идеи, но рековме идејата за скандинавски тренер во Битола звучеше добро, иако не заврши добро.

Двајцата тренери доаѓаат во незгоден и ризичен момент. Следниот првенствен меч на Е. Пелистер е за три недели, а тогаш Е. Пелистер доаѓа во Скопје на дуел со Вардар 1961. 
Двете острици на мечот што го преземаа Јовиќ и Шундовски се остри како жилет. 

Оваа одлука ќе има влијание и врз вториот тим кој сега треба да најде тренер, во зависност од тоа како ќе биде склопен стручниот тим. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk