Лазаров повика двајца нови играчи

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров мораше да направи две принудни измени во тимот во пресрет на натпреварите со селекцијата на Португалија.

За овој натпревар поради повреди нема да можат да настапат Жарко Пешевски кој го пропушта првиот свој настап за репрезентацијата од моментот кога во 2016 беше дебитан и Марио Танкоски кој требаше да биде повратник во репрезентацијата, но не му се „отворија“ картите најдобро.

Селекторот Лазаров на нивото место повика двајца нови играчи, двајцата од редовите на Вардар.
Тоа се бекот повртаник во екипата Марко Мишевски и довчерачниот пивот на Т. Пролет, Михаил Аларов. 

И двајцата ракометари играат во два правца, па ќе видиме како ќе изгледа новата композиција на Лазаров. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk