Без Талески, неизвесни Пешевски и Танкоски за Португалија

Селекторот Кирил Лазаров на денешниот собир откри неколку детали за нашиот тим што нема ќе го сменат ликот на тимот за овие два меча.

Филип Талески нема да настапи на овие два натпревари од привани причини. Разговарано е, федерацијата исто така била вклучена и одлучено е тој да ги прескокне овие два дуела и да се приклучи на тимот за дуелите со Португалија и Луксембург. 

„Си Гоце Георгиевски се договориме по СП, тој е играч што многу дал за репрезентацијата и своите последни натпревари ќе ги игра во април против Турција и Луксембург. Во последен момент откажа Павле Атанасијевиќ, неговиот клуб Е. Пелистер испрати меил до РФМ во кој информира дека тој нема да може да помогне на овој собир.
Повреди пријавија и Танкоски и Пешвски. Тие се овде, ќе бидат прегледани од репрезентативниот медицински тим и потоа ќе видиме што, дали ќе имаме потреба да повикаме нови играчи на нивното место.
Што се однесува до Дејан Манасков, решив по Светското првенство да им дадам шанса на помладите. Тука се Цветан Кузманоски и Петар Атанасијевиќ/ Вратата од репрезентацијата во секоја случај не е затворена за него ниту за кој било друг“, изјави селекторот Кирил Лазаров. 

„Имаме силен потивник пред себе, екипа составена од играчи што играат во Нант, што играат во Порто, Спортинг, Бенфика. Тие во баражот за СП ј елиминираа Холандија која потоа доби вајлд карта. Ние ќе бидеме драстично подмладени, но имаме кавалитет“, изјави Лазаров.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk