Европската ракометна федерација за да ги хармонизира натпреварувањата во Младинските категории одлучи да го прошири ЕХФ Еуро до 20 години на 24 репрезентации.

Македонските кадети кои минатото лето со победата на ЕХФ Шампионатот во Рига обезбедија настап на кадетскиот мундијал што ќе се одржи летово во Хрватска.
Паралелно со тоа обезбедија и пласман на ЕП 2024 што сѐ уште нема домаќин.
ЕХФ во меѓувреме реши да го прошири ова ЕП, па сега таму е и Швајцарија, противникот на Македонија во финалето на ЕХФ Шампионатот, а и уште два финалисти на ланските ЕХФ Шампионати.
Добрата вест е што во системот со 24 репрезентации во иднина полесно ќе се обезбедува пласман на големо натпреварување, односно ЕП, а со тоа и младите ракометари нема да бидат заглавени во ЕХФ Шампионатите од каде со голема мака успеавме да излеземе минатото лето.
Списокот на учесници на У20: ЕП 2024 е следниов:
Шпанија, Шведска, Германија, Унгарија, Хрватска, Данска, Норвешка, Португалија, Фарски Острови, Исланд, Словенија, Црна Гора, Србија, Франција, Полска, Италија, Чешка, Израел, МАКЕДОНИЈА, Швајцарија, Австрија, Украина, Романија, Грција.
Дали ќе игра Грција на ЕП, зависи од тоа кој ќе биде домаќин на ова првенство. Доколку е некоја држава што не е на овој список, тогаш Грците ќе испаднат и ќе продолжат да играат ЕХФ Шампионати.
Што се однесува до кадетите, односно 2006/07 генерацијата, која влегува во категоријата У18 тие би тебало да учествуваат во квалификации за следното ЕП У18.
Но, како што неофицијално дознаваме, постојат реални шанси и тие директно да бидат квалификувани на ЕП 2024 У18.
Нема предвреме да „продаваме“ еуфорија, деновиве ќе добиеме официјална потврда дали е тоа така.