Прилеп знаеше како со Вардар Неготино

ПРИЛЕП - ВАРДАР НЕГОТИНО  31-21 (14-9)
Бикоски 7, Миријани 6, Чантурија 5 - Кузманов 5, Адамовиќ 5, Митевски 4


Прилеп одигра сигурен натпревар против Вардар Неготино кој е директен ривал во битката за подобра позиција во плејаут и избегнување на опасната зона. 
Предводени од Бикоски и Миријани, како и од играчот - тренер Реваз Чантурија, прилепчани поведоа уште од почетокот на мечот (3-1, 7-2) и потоа ја контролираа средбата со крајот за конечно да запишат триумф од 10 гола разлика. 

Со оваа победа, Прилеп за момент се искачи на првото место на табелата, а позицијата на Вардар Неготино засега не е променета. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk