Женската сениорска репрезнтација на Македонија одново запиша минимален пораз од репрезентацијата на Турција.

Женската сениорска репрезентација на Македонија во нешто подмладен и подновен состав одигра два контролни натпревари со селекцијата на Турција, во Анкара.
Првата средба заврши со победа на домашниот тим од 25-24, а денеска се одигра и вториот меч на кој исто така славеше домашната репрезентација, минимално 31-30. На оваа средба, Македонија беше подобриот противник во првиот дел и водеше 19-17.
Овие две средби се во рамки на подготовките за двата плејоф дуела со Украина што ќе се играат во април. Победникот од тие дуели, ќе се пласира на Светското првенство што ќе се игра во Скандинавијата во декември.