ПИК Сегед нуди 100.000 евра за тренер

ПИК Сегед летово ќе се збогува со Карлос Пастор, шпанскиот тренер кој контроверзен или не ги донесе најголемите успеси на клубот. Потрагата по неговата замена, не оди лесно.



Раул Гонзалез, Талант Душебаев и уште неколку познати имиња кружеа како можна опција за тренер на ПИК Сегед, но унгарскиот шампион и покрај великодушните понуди, се чини не е место што ги привлекува врвните тренери. 

Последен засега пик на ПИК Сегед е Микаел Апелгрин, тренерот на шведскиот клуб Савехоф. Тој е исто така цел и на федерацијата на Исланд која се раздели со селекторот Гудмундур Гудмундсон, а тој пак е уште едно име во шпекулациите тесно поврзано со клупата на ПИК Сегед. 
Шведски медиуми откриваат дека ПИК Сегед понудил отштета од 100.000 евра на шведскиот тим за да го ослободи Апелгрин. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk