по двата возбудливи натпревари од четвртото коло што се одиграа вчера, денеска продолжува домашната Суперлига со уште шест натпревари од плејоф и плејаут шампионатите што ќе можете да ги гледате со клик на линкот од натпреварот што ќе го одберете.

Во плејоф шампионатот играат одделно екипите на Вардар 1961 и Е. Пелистер и следствено тие се големите фаворити на дуелите со вториот тим на Е. Пелистер и со екипата на Т. Пролет.
Но, ова е загревање за првата директна битка меѓу овие два тима. Таа е на распоредот по Куп натпреварите, во следното првенствено коло, најверојатно на 26 март.
Но, затоа-потоа, денеска на прогарамате се дуелите во плејаут шампионатот, а таму сите до еден се во категоријата неизвесни и без изразит фаворит.
Битката за опстанок почна да се вжештува откако во минатото коло Јуниор Кисела Вода го совлада Радовиш и веќе нема аутсајдери во првенството.
Денешната суперлигашка понуда е следнава:
04/03/2023 – САБОТА
15:00 часот РК ПРИЛЕП – РК ВАРДАР НЕГОТИНО
16:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК ВАРДАР 1961
16:30 часот РК СТРУГА – РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7
17:30 часот РК СКОПЈЕ 2020 – РК ЈУНИОР К.В
18:00 часот РК РАДОВИШ – МРК КУМАНОВО
19:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК ПРОЛЕТ 62
СУПЕРЛИГА ПЛЕЈОФ ТАБЕЛА
СУПЕРЛИГА ПЛЕЈАУТ ТАБЕЛА
Последните две екипи испаѓаат од Суперлигата, шестопласираната ќе игра бараж за опстанок