Битолчани ќе имаат нов тренер. Неминовно беше скандинавскиот проект да пропадне откако екипата одигра како што одигра и беше елиминирана од Европската лига.
РК Еурофарм Пелистер спогодбено го раскина договорот со тренерот Ларс Валтер. Иако имаше потпишано соработка до јуни 2024 година, данскиот стручњак се согласи за разделба со нашиот клуб, како последица на лошите резултати во Европа оваа сезона.
Битолчани во своето соопштение велат дека клубот е горд на изборот и соработката со врвен професионалец и ракометна личност како Ларс Валтер. Целосно се благодарни на неговиот ангажман, пристап и работа.
Во неговиот период Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот на Македонија и првпат играше на завршниот турнир на СЕХА Гаспром лигата.
Веруваат дека оваа одлука ќе предизвика реакција кај тимот во невралгичниот дел на сезоната. На Ларс му посакуваа многу успех во понатамошната кариера.
На утрешниот натпревар против Пролет екипата ќе ја води првиот асистент на Валтер, Божидар Мојсов, а од понеделник клубот ќе го именува новиот тренер.