Македонските кадети денеска ги добија противниците за првата фаза од Светското кадетско првенство што ќе се одржува летово во Хрватска.
Македонија е во групата „Ф“ заедно со репрезентациите на Норвешка и на Црна Гора. Четвртиот учесник не е познат, а ќе биде добиен по одигрувањето на ИХФ Интерконтиненталниот Трофеј.
За овој егзотичен пехар и пласман на СП ќе се борат репрезентациите на Нигерија, Гваделупе, Грузија, Никарагва и Тахити, а домаќин на турнирот ќе биде Костарика од 7 до 11 март.
Кадетското светско првенство ќе се игра со 32 репрезентации како што беше лани во Македонија во женска конкуренција.
Има осум групи со по четири екипи од кои 16 одат во Главна рунда, 16 одат во Президент куп. Македонија ќе мора да биде прва или втора за да мине во главната фаза.
Таму ќе вкрстиме со групата „Е“ во која се Данска, Австрија, Чиле и Мексико.