Златните кадети добија противници за СП

Кадетската репрезентација на Македонија минатото лето успеа да освои ЕХФ Шампионат, а тоа им носи директен пласман на Светското кадетско првенство што летово ќе се игра во Хрватска и настап на јуниорскиот ЕХФ Еуро што ќе се одржи следната година. 



Македонија за противници во групната фаза ги доби репрезентациите на Норвешка, Црна Гора и победникот на турнирот ИХФ трофеј. 
Македонија своите натпревари ќе ги игра во Риека.

ГРУПИ ЗА КАДЕТСКО СП 2023:
ГРУПА А: Хрватска, Португалија, Алжир и Руанда
ГРУПА Б: Унгарија, Словенија, Мароко и Нов Зеланд
ГРУПА Ц: Египет, Чешка, Јапонија и Исланд
ГРУПА Д: Шпанија, Бахреин, Бразил и Кореја
ГРУПА Е: Данска, Австрија, Чиле и Мексико
ГРУПА Ф: Норвешка, Ц. Гора, МАКЕДОНИЈА и победникот на ИХФ Трофеј
ГРУПА Г: Германија, Аргентина, С. Арабија и САД
ГРУПА Х: Шведска, Ф. Острови, Иран и Бурунди

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk