Камерманите во „Пјер де Кубертен“ го ловеа фудбалскиот суперстар Килијан Мбапе цело време на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Веспрем.
Фудбалската ѕвезда Килијан Мбапе беше на трибините на натпреварот меѓу ПСЖ и Веспрем и имаше што да види. „Неговиот“ ПСЖ се врати од минус девет, па водеше со четири гола разлика пред во драматичен финиш да победи со два гола на големото дерби.
Килијан Мбапе е од микс ракометно-фудбалско семејство. Татко му бил фудбалски тренер, а мајка му ракометарка.
Фајза Ламари (49) е неговата мајка и таа е поранешна ракометарка. Била дел од младинските репрезентации на Алжир пред да почне да игра за националниот тим на Франција. Нејзината клупска кариера е главно поврзана со екипата на Бонди, а позната е како прекален и жесток дефанзивен играч.
Фајза Ламари во играчките денови