Женските младински репрезентации на Македонија денеска ги добија противниците за летните ЕХФ Шампионати во соодветните возрасни категории.
Ланскиот успех им донесе на двете македонски репрезентации место во европската елита. Заврши за момент ерата на настапи по ЕХФ Шампионатите и сега се наоѓаме во елитното друштво. Такви ни се и противниците.
Репрезентацијата до 19 години ќе настапи на Европското првенство „А“ Дивизија, што ќе се одржи во јули во Романија. Данска, Црна Гора и Чешка се нашите противници во групата.
Репрезентацијата до 17 години, пак, ќе игра на ЕХФ Еуро во Црна Гора во август. Нивни противници во групната фаза ќе бидат репрезентациите на Унгарија, Романија и на Франција.