Кузмановски почна да игра, но Вецлар повторно поразен

Македнскиот репрезентативец Филип Кузмановски постигна три гола за Вецлар на денешниот меч со екипата на Ерланген, но неговиот тим повторно е поразен. 



Бундеслигашот Вецлар, каде што асистент тренер е Филип Миркуловски, а втор меч играше и репрезентативецот Филип Кузмановски ја игра најтешката сезона во последните десетина години. 
По вечерашниот меч со Ерланген на кој беа поразени на домашен терен убедливо, 28-35, ракометарите на Вецлар влегоа уште маку подлабоко во опасната зона. Зад нив и единствени што се во црвено се Минден кој има три бода помалку и Хам кој има четири бода помалку. Но, Минден има и два меча помалку. 
Проблем за Вецлар е и што во следното коло ќе игра со Рајн Некар Ловен. 

Но, има и добри вести од овој меч, Филип Кузмановски доби поголема доверба и релативно добро ја оправда. постигна три погодоци со кој Вецлар намалуваше на 6-7, 13-15 и 15-19, од вкупно пет обиди. Со тоа беше меѓу играчите со подобро остварување во екипата. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk