Порто елиминиран, Висла и Загреб се туркаат пред последниот вагон

Никола Митревски и неговите соиграчи од Порто вечерва ја платија сметката за слабиот старт во Лигата на шампионите сезонава. 
Поразени се во Веспрем и нема да играат во плејоф продолжението на ЛШ. 

ДЕНЕСКА ИГРААТ:
Динамо - ГОГ  30-27
Висла - ПСЖ  26-32
Веспрем - Порто  32-30



Порто не беше далеку од посакуваниот резултат. Беше блиску во текот на целат средба, во периодот околу 40 минута беше и во водство 21-20, но шест минути подоцна беше 26-23 за Веспрем и таа разлика Португалците не успеаја да ја анулираат. 
Конечно 32-30 за Веспрем со 12 гола на Елдера и шест на Лауге. 
Во редовите на Порто, колегата на Никола Митревски, Франдсен беше денеска првиот избор на тренерот Андерсон на голманската позиција.

Вечерва и Висла загуби од ПСЖ, а Динамо Букурешт го совлада ослабениот ГОГ. За Романците и Данците веројатно ништо нема да се смени, додека Висла и ППД Загреб ќе се туркаат пред последниот вагон за плејоф до последен момент. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk