Савевски одбра тим за дуелите со Турција

Македонската женска сениорска репрезентација, својот прв собир и акција по ЕХФ Еуро 2022, ќе го има во понеделник. Во подготвителниот период пред двата дуела со Украина во април, планирано е гостување во Турција и играње на контролни натпревари со нивната репрезентација.



Селекторот Љубомир Савевски се одлучи за подмладен и реновиран тим во кој неколку поискусни играчи нема да играат, а повикани се ракометарки кои се кандидати за репрезентацијата за во иднина. Моника Јанеска има клупски обврски, Елена Ѓоргиевска е рековалесцент, Симона Маџовска е повредена. 

Савевски се одлучи за следниве ракометарки за претстојната акција во Анкара.

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk