Топ вести: Јованка ќе се трка со Неагу и догодина, Данците без 11 „златни“ со Германија, трансфери

Најпознатиот и најдобар српски ракометар во моментов, Петар Ненадиќ заминува од Веспрем, а следната дестинација најверојатно ќе му биде во романскиот Динамо Букурешт. 

Некогашниот играч на Металург и на Т. Пролет, Ѓорѓе Голубовиќ ќе го напушти словачкиот Татран и ќе се пресели во Атина. Тој е нов играч на АЕК. 




Првите квалификациски и Евро куп натпревари по мундијалот ќе бидат со многу изменети и подмладени екипи. Данска за дуелите со Германија нема да смета дури на 11 ракометари што го освоија златото на СП (Хансен, Ландин, Лауге, Мелер, Мелгард...). Но, со Питлик (Холм, Мансинг), Менса Ларсен и Гидсел на бековската позиција, Емил Нилсен на голот и Емил Јакобсен на крило, Германија не може да се нарече фаворит дури и да игра со најсилен состав.

Фредерик Петерсен кажа збогум на репрезентацијата на Шведска. Ракометарот на Тулуз веќе нема да настапува за националниот тим, а селекторот Глен Солберг за мартовските дуели ќе ги одмори и Андреас Палицка, Лукас Сандел и повреденте Јим Готрфидсон и Никлас Екберг.

Фредерик Петерсон веќе нема да игра за Шведска

Поранешната вардарова ракометарка, Јованка Радичевиќ, потпиша нов договор со Крим и останува во Љубљана и следната сезона. На тој начин и следната сезона ќе ја продолжи трката со Кристина Неагу на листата на најдобрите стрелци во историјата на ЛШ. 

Давид Винцек, помладиот брат на легендарниот пивот Патрик Винцек, потпиша за третолигашкиот клуб од Германија, Емсдетен. 


Помладиот Винцек ќе игра во Трета Бундеслига

Дека во Катар не е сѐ сјајно и богато се увери белорускиот голман Вјачеслав Салдаценка. Ал Ахли не му ги исполнил условите од договореното и тој го раскина договорот и си замина од клубот.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk