Мотор одигра една сезона во Германија, но што сега?

Германија му излезе во пресрет на украинскиот шампион Мотор Запорожје и откако почна војната во Украина, клубот се пресели во Дизелдорф и се натпреварува во Втората Бунделига. Но, на таквата приказна се чини и доаѓа крајот. 



Мотор Запорожје се натпреварува во Втората Бундеслига, но нивното учество е ревијално и на крајот на сезоната сите резултати ќе им бидат избришани. Но, откако ќе заврши сезоната Бундеслигата се враќа во формат од 18 екипи и засега нема најава дека Мотор одново ќе биде дел од натпреварувањето.
„Разговори има, но договорот зависи од повеќе фактори, пред сѐ од спонзорите“, се пишува во германските медиуми на темава.
Мотор во моментов е под крилото на украинското министерство за одбрана и околу неговиот статус има многу работи што треба да се расчистат. 

Украинскиот состав е следниот и последен противник на Е. Пелистер во групната фаза од Европската лига. Тие имаат бод помалку од битолчани и само со победа во Битола би се пласирале во елиминациите. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk