Вардар од старт го реши Охрид

ОХРИД - ВАРДАР 1961  23-27 (12-15)
Каракоч 5, Андоновски 3, Шешиќ 3, Дрогришки 3, Цирар 3 - Талески 8, Манасков 5




Долгоочекуваното, особено за охридските ракометни фанови дерби на нивниот ГРК Охрид со Вардар ги оправда очекувањата и во поглед на играта, а и во поглед на резултатот. 
Домашниот тим набилдан со многу емоции и поддршка од трибините, запна на стартот. Вардар предводен од Талески, Јагуриноски и Манасков поведе со 5-1, 7-2 и од старт го реши победникот. 

Охрид, сепак, покажа дека има тим за респект, многу и квалитативно и физички посилен и со повеќе опции отколку што беше во есенскиот дел, а тоа се должи на играчките промени во составот со кои станаа поконкурентни. 
Воспоставија домашните рамнотежа, не му дозволија на Вардар да се одлепи премногу, иако за волја на вистината доста комотно водство од три четири разлика одржуваше скопскиот состав во првиот дел и добро ги решаваше офанзивните задачи. 

Охрид намали на 13-15 на почетокот на вториот дел и пропушти два напада за да дојде на минимална негатива. Тоа го плати со гол за 13-16, потоа Гоце Георгиевски ја врати комотната предност на Вардар на плус четири (17-13), а Талески зголеми на 18-13. 
Од 40 минута, следеше период на (по)неквалитетна игра од двете страни. Избрзани напади, лоша транзиција, но дистанцата не се промени многу. Три гола, четири гола и така се до првата грешка. А првата грешка беше на Карапалески кој лошо додаде до Стоилов, по што Рустамов погоди за 17-19 и тоа беше првото сериозно приближување на Охрид вечерва.
Но, освен тоа Охрид не успеа да направи поголем исчекор, Вардар го задржа ритамот и на крајот запиша победа од 27-23. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk