СКОПЈЕ 2020 - ПРИЛЕП 24-22 (13-9)
СТРУГА - КУМАНОВО 22-27 (10-11)
Екипите на Скопје 2020 и на Куманово се изненадувањето во пролетниот дел од сезоната, во плејаут шампионатот.
Овие две екипи, иако не стартуваа како најдобри, запишаа по две победи и се на добар пат да го задржат статусот на суперлигаши и за следната сезона.
Куманово денеска направи мини изненадување со сигурниот триумф во Струга, традиционално незгоден терен за играње.
Но, Куманово предводено од триото странски засилувања (Мрвовиќ 6, Катратовиќ 5 и Бечејац 5 гола) го контролираше резултатот, а во финишот уште дополнително „нагази“ и стигна до плус пет на конечниот резултат.
Скопје, пак, на домашен терен играше против екипата на Прилеп. Носен на крилјата на голманот Никола Радовановиќ успеа да запише тепка и многу важна победа од два гола разлика со која стигна до бројката од седум освоени бодови и во моментов делба на првото место заедно со кумановскиот тим.