Антикорупциска бара Мојсовски кривично да биде гонет

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побара кривично гонење на актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, и на членовите на централната комисија поради сомнежи за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот на финансирање фондации и спортски клубови.




Антикорупциската ќе побара и од Владата да се утврди одговорност за лицата именувани од нејзината страна, од Управата за јавни приходи ќе бараат засилен надзор врз спортските федерации, клубови и поединци, корисници на ваучерите, и од Министерството за правда да се изготви нова законска регулатива заради обезбедување услови за поправична распределба на парите.

Анализата на ДКСК вели дека иако по основ на ваучер системот на годишно ниво се трошат околу милијарда денари, сепак, АСМ нема никаква отчесност по овој основ, односно како ги доделува и како се трошат овие средства.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk