Нова нула за Е. Пелистер во меч за брз заборав

НЕКСЕ - Е. ПЕЛИСТЕР  29-25 (15-12)
Сршен 7, Мославац 4, Северец 4 - Радовиќ 5, Костески 4



Втор пораз запиша Е. Пелистер во СЕХА шампионатот. Од Нексе во Нашице, на натпревар што ќе се памети можеби уште ден-два. Нексе ја запиша првата победа, но вака неповрзани и бледи долго време ги немаме гледано, па немаат и тие нешто особено за фалење и паметење освен двата бода. 

Можеби ракометниот мундијал и особено последните натпревари што ги гледавме неодамна го изострија вкусот и подигнаа критериумите, а можеби е точен впечатокот дека екипите што ги гледаме на отворањето на новата сезона во СЕХА играат далеку под очекувањата не само во однос на мундијалот, туку и во однос на тоа што порано го играле.

Десетина минути се играше израмнето, а потоа Нексе прв пат поведе со плус два (6-4), нешто подоцна и со 9-6 и таа разлика остана до крајот на полувремето.
Во вториот дел битолчани намалија на 16-18, по што беше исклучен Петар Атанасијевиќ. Веднаш потоа и на клупата беа досеудени две минути, а Нексе ова го искористи за да стигне до 23-16.
По ова домашните почнаа да се однесуваат како да е завршен мечот, а Пелистер на понесен од одбраните на Марко Кизиќ успеа да ја избрише целата новостекната негатива, намали на 21-23 и одново, прво Кукоски исклучен, а неколку секунди подоцна исклучување и за Радовиќ на клупата и запре серијата на битолчани, а отпатува на плус три и до крајот уште во еден момент имаше и пет гола разлика (28-23). На крајот 29-25 во меч за брз заборав.

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk