Е. Пелистер денеска ќе го одигра мечот од второто коло во новиот СЕХА шампионат. По гостувањето во Нови Сад, следи ново гостување, во хрватскиот град Нашице.
Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигра својот втор натпревар од новата СЕХА сезона. Македонскиот вице-првак ќе гостува во Хрватска, кај екипата на РК Нексе.
Овој натпревар почнува во 18:00 часот и ќе биде директно пренесуван на МТВ - 3.
Пелистер на својот прв натпревар беше поразен во Нови Сад од Војводина, но поразена беше и екипата на Нексе. Хрватите за волја на вистината не беа комплетни тогаш, а сега се сите на број откако им се вратија репрезентативците Кузмановиќ, Јелиниќ и Бакиќ, како и „прехладениот“ Маркушиќ.
Нексе и Е. Пелистер се можни ривали и во Европската лига во следната фаза, но не веруваме дека овде ќе има криење адути затоа што добро се познаваат двата тима, а и тренерите исто така не се странци со оглед на тоа дека Ларс Валтер му бил тренер на Бранко Тамше во времето кога бил играч во Горење.