Најдобриот ракометар од Светското кадетско првенство одржано во 2019 во Скопје, Македонија, е нов член на екипата на Монпеље.
Ахмед Хешам (22) ја лансираше својата ракометна кариера на Светското првенство за кадети одржано во Македонија во 2019 година.
Египет тогаш стана светски првак и прв неевропски тим што станал ракометен шампион, а Ахмед Хешам беше прогласен за МВП на турнирот.
Веднаш потоа следеше преселба во Европа, а Франција е некако најблиска за прва странска дестинација за египетските и воопшто ракометарите што доаѓаат северно од Сахара. Тој се пресели во екипата на Нимс, а сега прави нов трансфер и на голема врата влегува во екипа која има два триумфа во Лигата на шампионите - Монпеље.