Ситуацијата во Келце многумина ја гледаат како шанса за себе. Меѓу нив е и Египет.
Талант Душебаев добива понуди од сите страни и доколку навистина се реши да замине од Келце со кого има долгорочен договор до 2025 година, тогаш некаде опасно ќе се смени играта.
Еден од заинтересираните за услугите на Талант Душебаев е и федерацијата на Египет. Тие се разделија од Гарсија Парондо затоа што сакаат селекторот да биде комплетно посветен на работата со репрезентацијата. Дали на Талант би му одговарало вакво сценарио, сега кога може да бира каде сака да продолжи, секако ќе дознаеме наскоро и ќе видиме со какви преговарачки способности располага Египет.