Денеска игра Вардар, каде да гледате?

Вечерва со почеток од 18:00 часот, Вардар 1961 во рамките на второто коло од СЕХА лигата ќе се сретне со екипата на белградски Партизан. 
Навивачката група на Вардар, „Комити“ се мобилизира пред овој дуел, па очекуваме на трибините да има поголем број на фанови, а и да се слушне во „Јане Сандански“ по подолго време и навивачка песна од трибините. 



Партизан бил и ќе биде магнет за скопската публика, особено што има своја база на фанови црно-белиот белградски тим. Доволно добро за на трибините да има повеќе емоции и меѓу домашните фанови. 

Директен пренос од натпреварот меѓу Вардар и Партизан ќе можете да гледате на МТВ 3 - со почеток од 17:55 часот. 

Играчко-резултатски, Вардар е фаворит за освојување на бодовите и очекуваме да се рехабилитира за поразот од Татран Прешов од пред неколку дена. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk