Познати групите: Кој со кого во Куп на Македонија?

Денеска во просториите на РФМ со ждрепка беа одредени групите од каде што ќе се добијат учесниците на следниот Фајнал фор турнир во Куп на Македонија. 




Формирани се четири групи со по четири екипи од кои само победниците ќе играат на Фајнал фор. Групите, пак, се играат по систем на елиминација односно полуфинале и финале, а секоја ќе има посебен домаќин. 

Комисијата за Куп натпреварување одлучи рангирањето, одредувањето на носителите да биде според пласманот на крајот на минатата сезона и тоа ја направи ждрепката поинтересна, затоа што на пример Алкалоид отиде во третиот шешир. 

И таму ќе се игра наголемото Куп дерби во оваа фаза од натпреварувањето. Бутел Скопје и Алкалоид ќе ги вкрстат копјата.
Амбициозниот Охрид имаше најмалку среќа и за противник го доби Вардар.

Натпреварите ќе се играат на 18/19 март. Екипите имаат рок до 15 февруари да се изјаснат околу организацијата на групите. 


ГРУПА 1
Вардар - Охрид
Скопје 2020 - Јуниор К. Вода

ГРУПА 2
Е. Пелистер 2 - Радовиш
Т. Пролет - Голден Арт

ГРУПА 3
Бутел Скопје - Алкалоид
Прилеп - Вардар (Н)

ГРУПА 4
Е. Пелистер - Куманово
Тиквеш - Струга

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk