Се разделија Парондо и Египет

Египетската ракометна федерација објави дека се разделува со тренерот Роберто Гарсија Парондо. Ова е втор пат во рок од две години Египет да се раздели со Шпанецот.



Египет на тековното Светско првенство заврши на осмото место, што имајќи предвид дека играше без двајцата најдобри десни бекови (Омај Јахија се повреди, а Ел Ахмар се повлече од репрезентацијата) и не е разочарувачки настап.
Причините за разделбата меѓу Египет и Парондо не се резултатите, туку моментот што Египет реши дефинитно, нивниот селектор да биде комплетно посветен на репрезентацијата. Гарсија Парондо во моментов е тренер на Мелзунген, а се зборува дека ПСЖ е заинтересиран за него, па не прифатил да биде само селектор. 

Египет објави дека веќе е во потрага по тренер што ќе биде без други ангажмани додека е селектор на нивната репрезентација. 

Претходно, Египет и Парондо се разделија по мундијалот во 2021, но не траеше ни два дена нивната разделба, па ја продолжија соработката.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk