Апокалипса Келце: Волф во Веспрем, Душебаев во Сегед, Ремили во...

Вечерва истекува џентлменскиот договор меѓу претседателот на Келце, Бертус Сервас и ракометарите. Доколку клубот не обезбеди(л) нов главен спонзор, играчите ќе бидат слободни да заминат.


Бертус Сервас, претседателот на клубот треба вечерва да им се обрати на ракометарите и да им соопшти какви се плановите и што ќе се случува со клубот во иднина. 

„Сите играчи имаат понуди, јас имам неколку. Но сакам да останам во Келце“, изјави неодамна Талант Душебаев. 

Полската ТВ, најавува апокалиптично сценарио за Келце. 
Браќата Даниел и Алекса Душебаев, како и Талант Душебаев би отишле за ПИК Сегед. Со нив би отишил и Дилан Наи. 

Андреас Волф, уште една голема ѕвезда би се преселил во Веспрем

Пикерот Артјом Каралек и крилото Аркадиуш Морито наводно имаат понуди од Барса. 

Недим Ремили би се вратил назад во Пари Сен Жермен. 

Понуди сигурно имаат и Карачиќ, Сичко, Трастарсон, Турна, Конку... Сѐ зависи од тоа што Бертус Сервас има да им го каже на играчите вечерва. Дали почнува распадот на еден од најпознатите и најголемите ракометни проекти во Европа или сѐ уште има надеж за нив. 

Најновата криза на Келце почна откако пиварницата Ван Пур, производител на пивото Ломжа го откажа спонзорскиот договор. Пиварницата бележи голем пад откако почна војната во Украина, затоа што беше во добар дел фокусирана на источниот пазар.
Тие требаше да го спонзорираат Келце годишно со нешто над 2 милиони евра или околу 1/3 од целиот буџет. Тие го скраија договорот една година и пол година пред истекот. Планот беше првиот нивни дил да трае до крајот на сезоната 2023/24. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk