Како ќе изгледаат групите што ќе ги дадат полуфиналистите на Куп на Македонија 22/23?
Утре на пладне, во просториите на РФМ ќе се одржи ждрепката по што ќе се формираат групите кои ќе ги дадат четирите полуфиналисти на годинешното издание на Купот.
При одредедувањето на рангот, Куп Комисијата не ги зема предвид резултатите од полусезоната, туку резултатите од крајот на минатата сезона.
За некого логично, за некого не, но поинтересно секако ќе биде.
Така РК Алкалоид кој годинава според освоените бодови е веднаш зад Вардар и Е. Пелистер на вкупна табела е сместен дури во третиот шешир и како таков ќе биде најнепосакуваниот противник на утрешната ждрепка за сите екипи што ќе бидат во извлекувањето.
Ќе бидат формирани 4х4 групи, ќе играат полифинале по системот 1/4, 2/3, а потоа победникот од секоја група ќе се пласира на Ф4.
Куп на Македонија, мажи:
Шешир 1: Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2
Шешир 2: Тиквеш, Охрид, Пролет, Прилеп
Шешир 3: Струга, Радовиш, Алкалоид, Скопје
Шешир 4: Јуниор КВ, Вардар Неготино, Голден Арт, Куманово
Куп на Македонија, жени:
Шешир 1: Ѓорче Петров, Куманово, Металург, Вардар
Шешир 2: Чаир, Стружанка, Деспина, Пелистер
Шешир 3: Овче Поле СУ, Шампион, Гевгелија, Астибо
Шешир 4: Спартак, Кузман Вардар, Скопје