Младиот бек на Е. Пелистер, Емилијан Ѓорговски е успешно опериран и во следниот период ќе биде надвор од теренот.
Емилијан Ѓорговски имаше проблеми со менискусот и беше донесена одлука хируршки да биде отстранет проблемот. Операцијата е успешна, младиот ракометар наскоро влегува во пиерод на рехабилитација.
Емилијан Ѓорговски на почетокот на сезоната беше прекомандуван од вториот во првиот тим, но не доби голема минутажа и позначајна улога во клубот есенска. Сега ќе може да го реши својот здравствен проблем и потоа комплетно фит да почне да се бори за место во екипата.