Партизан за рехабилитација на Вардар

По неочекуваниот и разочарувачки пораз од Татран Прешов и старт на СЕХА со загубен дуел, Вардар утре ќе има шанса да се рехабилитира и тоа пред своите гледачи.



Името Партизан, црно-белата боја, отсекогаш во Скопје биле магнет, знаеле да привлечат повеќе публика, да ја кренат температурата во салата, особено што имаа Партизан своја фан група во Скопје и воопшто во Македонија. 
Тоа генерално важи за фудбал и кошарка, во ракомет не толку. Особено кога се игра натпревар од ваков тип и кога и едните и другите не се во своите славни, туку кој повеќе кој помалку одбројуваат неславни денови. Севкупно, Вардар е голем фаворит во однос на Партизан и сѐ освен убедлива победа ќе биде уште едно големо разочарување.

Обрнете внимание, еден од најдобрите играчи на Партизан е Стефан Петриќ. Тој е син на Владимир Петриќ, српски ракометар кој го носеше дресот на Вардар од 2011 до 2015 година. 

Натпреварот ќе се игра со почеток од 18:00 часот, директен пренос би требало да има на МТВ. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk