И Пелистер со нула ја почна годината

ВОЈВОДИНА - Е. ПЕЛИСТЕР   29-24 (14-14)
Костески 7, Хенеберг 3 - Милиќ 4, Пуховски 4



Еурофарм Пелистер разочарувачки со пораз од Војводина ја почна новата година и се врати назад во егалот со Вардар на долната граница околу фаворизирањето за натпреварите во домашната лига. 

Војводина беше подобриот тим и заслужено запиша втора победа во СЕХА и се промовираше во најсериозен кандидат за првото место во групата, во која има три екипи. И Нексе е дел од ова друштво.

Војводина дуелот со Пелистер го доби по нецели 20 минути игра кога поведе со четири гола разлика и безмалку без проблеми си водеше со крајот на мечот во оваа резултатска разлика за конечна победа од 29-24. 

„Агресивната 6-0 одбрана на Војводија ја „уби“ нашата флуидност. Од таа агресивност не можевме да напаѓаме како што планиравме. Не трчавме многу без топка и покажавме физичка инфериорност“, повтрди тренерот Валтер, тоа што сите можевме да го видиме.

Некомплетноста на која се повикува за време на мундијалот, сепак, е алиби што не држи вода, но да се надеваме дека следните натпревари ќе бидат подобри. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk