Бронза и нов гол рекорд за Шпанија

ШВЕДСКА - ШПАНИЈА  36-39 (22-18)
Ване 9, Екберг 7 - Фигуерас 9, А. Душебаев 7



Дуелот за трето место меѓу репрезентациите на Шпанија и на Шведска се претвори во голеада во која беше поставен нов рекорд за најмногу постигнати погодоци на меч за бронза на Светските првенства досега.
Дури 75 гола беа постигнати вечерва, 11 повеќе од досегашниот рекорд (Шпанија - Франција, 35-29). 

Бројот на постигнати голови доволно говори за тоа каков тип на натпревар се играше. Двата тима разлетани низ теренот, со тоа што на задоволство на над 20.000 гледачи во Теле2 Арена, Шведска го контролираше резултатот и имаше водство од 24-18 на полувреме. 

На почетокот на вториот дел двата тима постинаа по еден погодок, а потоа Шведска имаше зицер што Хампус Ване некако почетнички не го реализираше. Од тој момент како да ги стигна клетва Швеѓаните. Во следните неколку напади едвај да стигнуваа до голот пред да згрешат, а примаа голови како од шала. Глен Солберг не го виде втрлогот во кој влезе неговиот тим и кога побара тајм аут Шпанија веќе водеше со два гола разлика.

По ова Шпанија доминираше, но не успеа да надмаши три гола предност. А клетвата на Швеѓаните продолжи, па така неколкупати обидите да се одбранат завршуваа со одбиена топка назад кај Шпанците кои не пропуштија шанса да стигнат до својот трет бронзен медал.



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk