Судир на титаните, на старите и на новите

Франција и Данска, ракометна класика, децениско дерби во кое победникот никогаш не може да се предвиди однапред.



Толку долго се Франција и Данска доминантни, толку долго никој не успеа да ги тргне од финалната сцена, што нивните најголеми ѕвезди веќе и остареа на теренот.
Од 2009 до денеска, светски шампиони се Франција или Данска. Со исклучок на 2013 кога Шпанија стана првак, но и тогаш Данска играше во финалето. 

Денеска одново ќе ги гледаме истиве две репрезентации. За волја на вистината, нивните најголеми ѕвезди, Микел Хансен и Никола Карабатиќ веќе имаат поинакува улога, да ги научат своите помлади колеги.

Па така Микел Хансен, а во позадина Мадс Менса Ларсен и Расмус Лауге изгледаа како да влетале на забава на тинејџери покрај Симон Питлик, Матијас Гидсел...

На спротивната страна Никола и Лука Карабатиќ со по некое бело влакно повеќе во косата ги учат на трпение Елохим Пранди и Дика Мем..

Данска демонстрира систем, транзиција, Франција одбрана направена од бетон и двајца шутери што пробиваат звучен ѕид со топка. 
Како и во минатите 15-тина години, и сега вечерва ќе биде ракометно уживење. Финалето почнува во 21:00 часот, а ќе го суди македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk