ЕХФ писмено призна дека се соочува со големи проблеми во организацијата на женското Европско првенство што треба да се одржи во 2024 година.
Во ноември минатата година, Словенија, Црна Гора и особено Македонија организираа одлично Европско првенство во женска конкуренција во секој поглед, особено во организацискиот дел и исполнување на критериумите што ги бара(ше) ЕХФ.
Следното ЕП треба да се одржи во 2024, а одново три држави треба да бидат организатори. Тоа се Унгарија како главен организатор, плус Австрија и Швајцарија.
Но, овде не оди работата како што одеше меѓу Македонија, Словенија и Црна Гора.
Организациски проблем постои и ЕХФ ги повика сите три федерации и тоа на високо ниво, односно ниво што смее и може да носи одлуки на итен состанок. Таму ќе се дискутира дали ќе останат три организатори или пак тој систем ќе се менува.