Статистика од СП 2023: Кузмановски во друштво со Сагосен и Хансен

Македонската репрезентација го заврши настапот на мундијалот во Полска и Шведска на 27 место. Реално според прикажаните игри, нереално во однос на квалитетот и „малерот“ во нашата група во четвртиот шешир да биде вајлд карта, односно место екипа од 4 шешир, ја добивме Холандија.



Од репрезентацијата на Македонија, а воопшто и од сите македонски играчи, само еден ракометар годинава игра во Лигата на шампионите - Никола Митревски од Порто. 

Во македонската Супер лига има околу 40-50 странски играчи, но само тројца од нив играа на Светското првенство. Тоа се Мирко Радовиќ и Урбан Лесјак од Е. Пелистер кои настапија за Црна Гора односно Словенија и Јан Чувара кој играше за Полска. 

Најдобар стрелец во македонскиот тим е Филип Кузмановски со 37 гола од 54 обиди (6/8 седмерци). Тој во моментов се наоѓа во Топ 10, на осмото место. 
Втор стрелец во тимот е Филип Талески со 27 од 55 обиди, сите од игра и тоа е доволно за 40. место.

Дејан Манасков беше перфектен пеналџија и ги реализираше сите 14 седмерци. 

Во категоријата стрелци и асистенции комбинирано, Филип Кузмановски (66) е на шестото место. Интересно, на петтото е Микел Хансен, а на седмото Сандер Сагосен. Убаво друштво.

Најдобар асистент во нашиот тим очекувано е централниот бек Филип Кузмановски со 29 асистенции и тој е во моментов на 11 место. 

Најмногу украдени топки, вкупно 4 има Игор Ѓоргиев и е на 16 место кое го дели со повеќе играчи меѓу кои се и Лука Циндриќ, Кај Смитс итн. 

Најмногу блокади има Марко Стојковиќ, вкупно две и е на 41 место. Тоа изгледа малку, но на пример 13 пласираниот Илија Абутовиќ има четири. 

Мартин Томовски има 26 одбрани, а 24 одбрани има Никола Митревски. И двајцата имаат процент од одбрани од 35%. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk