Де Варгас ја расплака Норвешка, Данска ја прегази Унгарија

Шпанија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство откако вечерва ја совладаа Норвешка (35-34) по две продолженија.

Натпреварот беше вистинска драма од првиот до последниот момент. Норвешка предводена Бергеруд на голот и крилата Бартолд и Бјорнсен од имаше поголеми шанси да победи во регуларниот дел, но Даниел Душебаев успеа да погоди за реми во последниот напад.

Двете продолженија по пет минути не дадоа победник, а потоа се играше според (за нас) едно од најлошите правила на ИХФ, второ 2х5 минути продолжение. По пет минути беше нерешено, а потоа, во последниот напад, Гонзало Варгас му го одбрани шутот на Кристијан Бјорнсен и Шпанија се пласираше во полуфиналето.

Репрезентацијата на Данска, пак, ја декларисаше Унгарија и ја совлада со неверојатни 17 гола разлика (40-23). На овјо меч Матијас Гидсел постигна девет гола и го презема првото место на листата на стрелци на тековното СП.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk