Аморим во стручниот тим на Македонија

Една од најголемите светски ракометни ѕвезди во женска конкуренција, петкратен освојувач на Лигата на шампионите и светски првак со Бразил од 2012, Едуарда Аморим ќе е вклучена во стручниот штаб на женската репрезентација на Македонија. 



Селекторот Љубомир Савевски утре ќе ги почне подготовките за бараж дуелите со Украина што ќе се играат во април во Скопје и Кишварда. Промени има во стручниот штаб, ново име ќе биде асистент на Савевски, а тоа е легендарната бразилска ракометарка Едуарда Аморим Талеска. 

Аморим ја заврши играчката кариера во која има пет шампионски пехари од Лигата на шампиони и се врати во Македонија. Таа најави дека сака да остане инволвирана и веднаш беше најден соодветен ангажман за неа. Ќе дебитира на клупата уште утре. Савевски планира секоја недела да има репрезентативни собири, па ќе видиме како сето тоа ќе изгледа и веруваме дека ќе има позитивен ефект.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk