Втора победа, Македонија го разби Мароко

МАКЕДОНИЈА - МАРОКО  40-25 (18-12)
Македонија: Томовски, Митревски, П. Атанасијевиќ 7, Џонов 1, Ѓоргиев 3, Кузмановски 8, Костески 6, Серафимов 6, Петров 3, Талески 3, Стојковиќ 2, Манасков, Младеновиќ, Савревски 1, Пешевски,  




Репрезентацијата на Македонија го совлада Мароко и ја запиша втората победа на Светското првенство во Полска. По овој триумф Македонија заврши на второто место во групата и во среда за пласман на 27 место ќе игра против репрзентацијата на Јужна Кореја.

Вечерва, Македонија со голема поддршка од голманот Мартин Томовски, можеше да покаже дел од својот потенцијал во однос на транзицијата и брза игра кон која тежиме. 
Македонија добро почна, поведе 7-2, но се врати брзо Мароко и намали на 8-10. Мароко се држеше до 11-13, а потоа следеше серија од 5-1 за Македонија за водство од 18-12 на полувреме.

Во вториот дел, Македонија комплетно доминираше. Се редеа лесни голови, погодоци од транзција и постојано разликата беше плус 10.

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk