Македонија денеска (18:00) на својот претпоследен настап на Светското првенство во Полска и Шведска ќе се сретне со репрезентацијата на Мароко. Судејќи исклучиво според досегашните резултати на ова СП, Македонија би требало вечерва да освои нови бодови.
Македонија и Мароко ќе се сретнат денеска на дуел од последното коло од групната фаза во Президент Куп. Победникот од овој дуел ќе го освои второто место (освен ако Алжир на направи сензација против Тунис) и во мечот за 27 место, во среда ќе игра против селекцијата на Јужна Кореја.
Корејската репрезентација беше изненадена од Чиле во Президент Куп и го освои второто место во групата.
Мароко, исто како и Македонија, досега има само една победа и тоа над Алжир. Разликата е во тоа што ние Алжир го добивме лесно, со 15 гола разлика, а Мароко победи едвај, минимално.
Претходно ги загуби сите натпревари вклучително тој со САД со што драстично си го намали својот углед во ракометниот свет.