Словенија со нов „лик“, ја разби Црна Гора

Пред точно една година на Европското првенство во Унгарија, во Дебрецен, репрезентацијата на Црна Гора направи големо изненадување, речиси сензација со победата над Словенија, што значеше и елиминација на Словенците од ЕП. 



Што се смени во меѓувреме? Се смени селектор, се сменија играчи, а првенствено пристапот на Словенците. Словенија има голем капацитет на играчи, па новиот селектор, Урош Зорман си дозволи луксуз да не ги поведе на СП Сташ Скубе, Миха Зарабец, Марко Безјак, Вид Потеко, Матиц Сухолезник, Гашпер Маргуч и да игра многу подобро отколку во Дебрецен. Црна Гора со речиси ист состав како во Дебрецен, овој пат не е сензација и одигра во рамки на очекуваното.

Денешната средба беше решена многу брзо, Словенија поведе 9-2 и тука сѐ беше готово. Потоа двата тима се надигруваа, но дистанцата остана и водството на Словенија не беше доведено во опасност. 

Унгарија, пак, ја совлада екипата на Капе Верде 42-30 и во моментов е патник во 1/4 финалето, но така ќе остане единствено ако Шведска ја совлада Португалија. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk