Македонија вечерва против Тунис игра за прво место во групата

Македонската репрезентација денеска ги продолжува натпреварите во Президент Куп, во рамките на Светското првенство што се одржува во Полска и Шведска. 



Македонија денеска (18:00 часот) игра со Тунис, стар познаник и должник, иако и тие истото можат да го кажат за нас. Најболниот пораз на македонската репрезентација во нејзината историја е токму од Тунис и тоа на меч одигран во Полска. 
Во 2016 година, Македонија во Олимписките квалификации во Гдањск во група со Полска, Тунис и Чиле се бореше за едно од двете места што водеа на Олимписките игри во Рио. 
На тој натпревар, победи Тунис и заедно со Полска играше во Рио. 

Една година подоцна, Македонија со седум  на шест тактика му се реваншираше на Тунис, а потоа по ремито со Исланд и го исфрли од главната рунда на Светското првенство во Франција. Но, тоа е само една рата од долгот што Тунис го има кон нашиот тим. 

Вечерва одново се еден против друг. Многу различни состави од 2016/17, но со многу слични судбини оттгаш наваму. 
Нивото на кое се наоѓаат во моментов, би рекле, барем според резултатите дека е слично. Како ќе биде на теренот, ќе видиме, од настапите на нашиот тим единствено што во продолжение на мундијалот очекуваме е да не се повтори некоја епизода од Прелиминарната рунда. 
Победникот од овој меч, веројатно ќе биде и победник во групата, иако теоретски тоа би можеле да бидат и Алжир или Мароко. 


ДЕНЕСКА: 
15:30   АЛЖИР - МАРОКО
18:00   МАКЕДОНИЈА - ТУНИС

 
1.
110040:252
?
P
2.
110030:252
?
P
3.
100125:300
?
I
4.
100125:400
?
I

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk