Андреас Палицка, голманот на репрезентацијата на Шведска наполно заслужено беше прогласен за играч на натпреварот меѓу Шведска и Исланд, дербито на денешниот ден на СП.
Шведска и Исланд одиграа ракометна „убавица“ вечерва. Одличен натпревар, одлично судење (судеа македонските судии Начевски и Николов) и нешто што ретко се гледа кога играат скандинавци меѓусебе - жестоки дуели и многу фаули. Тепање на секој дуел, но и двата тима пружија вистинска борба.
Брз ракомет, убави моменти на двете страни, резултатска неизвесност се до моментот кога во ритам влезе Андреас Палицка. Голманот на Шведска правеше чуда и беше најзаслужниот што домаќинот на првенство го задржа перфектниот скор и на коло до крајот го обезбеди првото место во групата и пласманот во 1/4 финалето.
1/4 финалисти од групата 1 се Франција и Шпанија, а Словенија ќе биде третопласирана.
ГРУПА 1
ШПАНИЈА - СЛОВЕНИЈА 31-26
ФРАНЦИЈА - ИРАН 29-41
ЦРНА ГОРА - ПОЛСКА 20-28
ГРУПА 2
КАПЕ ВЕРДЕ - ПОРТУГАЛИЈА 22-35
БРАЗИЛ - УНГАРИЈА 25-28
ИСЛАНД - ШВЕДСКА 30-35BLICA
TABLICA