Стигна првата мундијалска победа

МАКЕДОНИЈА - АЛЖИР   40-25 (14-8)
Митревски 1, Томовски, Атанасујевиќ 2, Џонов 1, Георгиевски, Ѓоргиев 4, Костески 4, Манасков 7, Кузмановски 1, Маркоски, Младеновиќ 1, Пешевски 7, Савревски 4, Серафимов 1, Стојковиќ 4, Талески 3



На првиот натпревар на кој Макеоднија играше во Президент Куп, каде што ќе се среќаваме со на себе рамни или послаби во овој момент, забележа убедлива победа.

Нашиот тим го совлада Алжир со 40-25 и во следното коло против Тунис ќе играме веројатно за првото место во групата во која е уште и Мароко кој денеска загуби од Тунис (25-30). 

Македонскиот тим против Алжир беше сосема поинаков тим отколку тој што го гледавме во Краков. Шанса да играат добија и помладите и се разработеа. Митревски одличен, одбраната против Алжир беше поинаква, можеше да се игра замислената игра, голови постигнуваа сите и севкупно Кирил Лазаров за прв пат на мундијалот има причини да биде задоволен. 

Утре македонскиот тим ќе биде слободен, а потоа одиме на мегдан со Тунис, репрезентација која ни е стар должник и на која нема и го заборавиме оној пораз од Гдањск од 2016 година. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk