Алжир е следен предизвик за Македонија



Со никогаш поголема социјал-медиумска хајка по селекторот и играчите, Македонија патува за Плоцк од каде, втор пат во репрезентативната историја ќе игра Президент Куп. 

Во Плоцк ќе бидат речиси сами, без навивачи и без медиуми околу нив и веќе без никакви очекувања, па можеби така ќе се ослободат од блокадата и ќе почнат да играат. Бледилото од теренот беше видливо и на нивните лица по мечот со Аргентина и еден ден пауза можеби е малку за да се врати крвта во лицето. Првенството сѐ уште трае и не е сеедно како ќе се одиграат и овие три натпревари. 
За причините за неостварените резултатски очекувања, во секој случај ќе се позанимаваме деновиве. 

Три меча со три селекции од Африка не чекаат во следните шест дена. Почнуваме утре 15:30 со Алжир, продолжуваме на 21 јануари со Тунис од 18:00 часот, а потоа на последниот меч од оваа група ќе играме со Мароко, на 23 јануари од 18:00 часот. 

Во зависност од остварениот резултат ќе вкрстиме со еден противник од групата во која се Кореја, Саудиска Арабија, Чиле и Уругвај.
 
#
група 1
1.
00000:00
?
2.
00000:00
?
3.
00000:00
?
4.
00000:00
?
#
група 2
1.
00000:00
?
2.
00000:00
?
3.
00000:00
?
4.
00000:00
?

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk